За Нас

Малинка ДОТ е техничка компанија што се занимава со мобилен сервис за хемиско чистење на внатрешни ентериери, канцелариски простории, стамбени-индивидуални објекти, моторни возила, како и на сите други елементи на хемиско чистење на нашите клиенти. Сите хемиски чистења се одвиваат со помош на специјална нова опрема, посебни техники на работа и еколошки средства за чистење на ентериерот.
Поради мобилноста (на повик и однапред договорен термин), нашиот сервис е флексибилен во работата. Ние сме подготвени со секој момент да одговориме на вашите потреби што се однесува до конкретната дејност. Услугите за хемиско чистење на внатрешни ентериери што ги нудиме се карактеризираат со квалитет кој е претпознатлив во градот Крива Паланка и околината, затоа што ја поседуваме најсовремената техничка опрема со која секојдневно се стремиме да покажеме квалитетна и професионална услуга.
За повеќе информации, истражете го менито.